Опис на програма

Програмата “Шминкер” е насочена кон стручно оспособување на кандидатите од областа на козметиката. По успешно завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да: организира простор и работа во салонот, применува санитарно технички норми за спроведување на козметичка дејност,подготвува клиент за третман, спроведува третмани на шминкање, спроведува мерки за заштита на работна и животна средина, комуницира, соработува во тим, учи доживотно и се усовршува. Стекнатите вештини ќе им помогнат на учесниците полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот.
Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни методи, кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за целокупното траење на обуката.
Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, усно, писмено, практична работа и на завршниот испит.
Структурата на програмата за “Шминкер” е следна: стручно-теоретски дел, практична обука и проверка на
постигањата на кандидатите (завршен испит).
Кандидатот кој успешно ќе ја заврши обуката се здобива со сертификат за Шминкер.
Времетраењето на програмата е 100 наставни часа. Програмата нуди можност за напредување на повисоки
нивоа-курсеви за шминкањe и сродни области.

Резултати од програма

[:mk]По завршување на обуката кандидатот ќе биде оспособен да: • организира простор и работа во козметички салон, • создава хигиено-технички услови за работа • комуницира со клиенти применувајќи принципи на работна култура, • подготвува работното место и клиент, • избира прибор и средства за шминкање • применува фази во шминкање на лицето • применува техники на коректура на лицето со шминка • изведува техники на шминкање според намена • советува клиенти • применува норми на работна етика.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Основно ниво на образование: основно образование и возраст од најмалку 15 години. Пожелно ниво на образование: тригодишно или четиригодишно образование (од било која струка). Дополнителни барања за кандидатите: дополнителни услови не се бараат.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 20 20
Пракса 72 72
Оценување 8 8
Вкупен број на часови 100
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support