Опис на програма

Програмата овозможува обука на учесниците преку теоретска обука и практична работа да  се стекнат со знаења, вештини и компетенции кои ќеимпомогнат по завршување на  обуката самостојно да ги извршуваат работни задачи во козметички салон: применуват санитарно технички норми за работа во дејноста лични услуги, применуват хигиенски услови за работа, техничка опременост и организација на работниот простор, применуват култура на однесување, како и работните задачиза нанесување декоративна козметика на лице: ШМИНКА (одстранување на мовта и влакненца), шминкање на лице и шминкање на очи. Времетраењето на програмата е 92 часа од кои 30 часа теоретска обука, 50 часа се практична обука во реални работни услови и 12 часа се наменети за оценувањето. Теоретскиоти практичниот дел  од програмата ќе се реализира два пати неделно, однапред договорено со учесниците  во програмата. Теоретскиот и практичниот дел од програмата ќе се реализираат во училница и во козметички салон. Програмата ќе се реализира преку задолжителни модули. Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува тековно и по завршувањето натеоретскиот дел преку проверка на знаење со цел споредба на знаењето пред и после теоретската обука, а по завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се проверуваатстекнатите вештини и компетенции.За секој учесник во програмата ќе се води портфолио. По успешно положен завршен испит учесниците се стекнуваат со сертификат Шминкер.

Резултати од програма

[:en] [:al] [:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Учесниците во програмата не е потребно да поседуваат претходни знаења, вештини и компетенции од оваа област, да имаат завршено најмалку основно образование,со наполнети 15 години[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 30 32
Пракса 50 54
Оценување 12 13
Вкупен број на часови 92
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support