Опис на програма

Програмата за занимањето шминкер се темели на стандард на занимање кое се стекнува преку стручно теоретски содржини и практична обука. Содржините од стручната теорија се реализираат во училница/кабинет и истите се во функционира и практичната обукакоја пак се изведува во салони за шминкање. Програмата е со 250 часа или тримесечно времетраење.
Прогамата дава можност учесникот во програмата да ја подготвува, организира и извршува работи и работни задачи шминкер, рационално да ги користи материјалите, опремата и времето, да комуницира со корисниците на услугите , да го подготвува клиентот, да шминка,очи, нос, усни, веѓи, обликува јагодици, да приготвува целни и специјални шминки, да ги советува клиентите за индивидуална шминка и за изборот на производи и прибор за шминкање, да гарантира за квалитетот на извршените работи и услуги, да користи соодветни информациско-комуникациски средства, да ги развива претприемачките вештини и однесување, да ги применува мерките за заштита на здравјето на клиентите и околината По успешно завршување на програмата се полага завршен испит со што учесникот се здобива со сертификат за работна оспособеност за занимањето шминкер по верифицирана програма.

Резултати од програма

[:mk]По завршувањето на обуката учесникот ќе се стекне со следните стручни компетенции: -Ги подготвува, организира и ги извршува работните задачи; -Рационално ги користи материјалите, опремата и времето; -Комуницира со корисниците на услугите на мајчин јазик -Го подготвува клиентот; -Шминка; -Приготвува целни и специјални шминки; -Ги советува клиентите за индивидуална шминка и за изборот на производи и прибор за шминкање; -Гарантира за квалитетот на извршените работи и услуги и одговара за нив; -Ги развива претприемачките вештини и однесување; -Ги применува мерките за заштита на здравјето на клиентите и околината во согласност со хигиенско-техничките, противпожарните и другите заштитни мерки.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Завршено основно образование и возраст над 15 години.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 20 20
Пракса 175 70
Оценување 86400 10
Вкупен број на часови 25
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support