Опис на програма

Програмата за  занимањето шминкер се темели на стандард на занимање кое се стекнува преку стручно теоретски содржини и практична обука. Содржините од  стручната теорија се реализираат во опремена училница/кабинет опремен да функционира и практичната обука. Практичната обука се изведува во салони за шминкање. Програмата е со 250 часа или тримесечно времетраење.

Прогамата е прилагодена според изготвен стандард на занимањето и истата дава можност учесникот во програмата да  ja организира сопствената работа, да  го подготвува салонот и клиентот за шминкање, да советува клиенти,  подготвува и изведува целна и специјална шминка, шминка тело и лице за целна и специјална шминка,  комуницира со клиентите, со снимателите и со режисерот, води грижа за сопствената безбедност и безбедноста на клиентот, како и за здравјето и околината, води евиденција и подготвува пресметки за работата, ги познава правата од работен однос и можностите за водење на сопствен бизнис почитува  работната етика и морал.

По успешно завршување на програмата се полага завршен испит  со што учесникот се здобива со сертификат за работна оспособеност Шминкер. Програмата  дава можност за вертикално напредување во програми од повисоко  ниво во занимањa.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Резултати од програма

[:mk]По завршување на обуката учесникот стекнува знаења и вештини и се оспособува да : -  организира и извршува работни задачи шминкер во козметички салон; -  создава  хигиено технички услови за работа; - комуницира со корисниците на услугите и користи соодветни информациско-комуникациски средства; -  подготвува работно место и клиент за шминкање; -  избира прибор и средства за шминкање за целна и  специјална шминка; -  шминка тело и лице; -  советува клиентите за избор на  шминка, производи и прибор за шминкање; -  води сопствен бизнис; - применува мерки за  заштита при работа и заштита на работната средина; - користи рационално материјали, опремата и времето; - применува норми на работна етика.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Завршено основно образование и возраст над 15 години. Психофизички здрав со добри природни  стекнати и развиени способности, емоционално способен и стабилен, со  афинитет за оваа работа, да има осет за допир, да е спретен, и има чувство за естетика и уредност[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 50 20
Пракса 175 70
Оценување 25 10
Вкупен број на часови 250
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support