Опис на програма

Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за занимањето шминкер.

Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификат „Шминкер“. Програмата е изготвена врз основа на стандард на занимање со кое се стекнува преку стручно теоретски содржини кои ќе се реализираат во опремена училница, просторија и практична обука која ќе се реализира во салон за шминкање. Програмата дава можност учесникот во програмата да ja организира сопствената работа, да  го подготвува салонот и клиентот за шминкање, да советува клиенти,  подготвува и изведува целна и специјална шминка, шминка на тело и лице за целна и специјална шминка,  комуницира со клиентите, води грижа за сопствената безбедност и безбедноста на клиентот, како и за здравјето и околината, води евиденција и подготвува пресметки за работата.

Времетраењето на програмата е 220 часа вкупно од кои 44 часа теоретска обука, 154 часа се практична обука и 22 часа оценување.

Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршување на теоретскиот и практичниот дел на обуката со проверка на стекнати знаења, вештини и компетенции. По успешно положен завршен испит учесниците се стекнуваат со сертификат „Шминкер“.

Програмата  дава можност за напредување во други програми од повисоко ниво на ова занимањa.

Резултати од програма

[:mk]По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да:
  • ја организира својата работа;
  • ги почитува мерките за рационално користење на материјали, опрема и време;
  • применува прописи за хигиено технички мерки за работа во салонот;
  • го подготвува клиентот за услуга
  • подготвува работно место;
  • подготвува клиент за шминкање;
  • избира прибор и средства за шминкање за целна и специјална шминка;
  • советува клиентите за избор на шминка, производи и прибор за шминкање;
  • шминка тело и лице;
  • води сопствен бизнис;
применува прописи за заштита при работа.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Завршено основно образование и возраст над 15 години, без предходно стекнати знаења за ова занимање. Учесникот да има афинитети за  работа во ова занимање, да има осет за допир и има чувство за естетика и уредност.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 20 20
Пракса 70 70
Оценување 10 10
Вкупен број на часови 220
  • Тетово
0 STUDENTS ENROLLED

    [:en]Детали за понудувач на услуги[:mk]Instructor Details[:al]Instructor Details[:]

    Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
    top
    © 2018 Developed by Unet
    Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support