Опис на програма

Со посебната програма – шминкер учесниците низ теортска и практична обука ќе се стекнат со знаење и вештини кои се потребни за самостојно работење за оваа дејност. Содржините од теоретскиот дел од програмата ќе се реализираат во училница – кабинет, а практичниот дел ќе се реализира во опремен салон за шминкање. Програмата содржи 220 часа која ќе се реализира во четири месеци. Програмата е прилагодена според изготвен стандард на занимање и истата дава можност учесникот во програмата да ја организира и планира сопствената работа,  да го подготвува салонот и прави преглед на клиентите закажани за шминкање, дава совети на клиентите, го применува кодексот на облекување, ја надгледува и ја одржува хигиената на просторот и на приборот, знае да го избере соодветниот прибор за работа, ги познава средствата за дезинфекција како и методите за дезинфекција и стерилизација, подготвува и изведува целна и специјална шминка, шминка на лице, шминка на очи, шминка на нос, шминка на усни, шминка на веѓи, и ги применува сите техники за шминкање. Лицето шминкер да ги познава основите на деловната комуникација, ги познава принципите на тимска работа, води грижа за сопствената безбедност и безбедноста на клиентот како и за здравјето на околината, води евиденција и подготвува пресметки за работата, ги познава правата од работниот однос, и можностите за водење на сопствен бизнис, ја почитува работната етика и морал.

По успешно завршување на програмата се полага завршен испит со што учесникот се здобива со сертификат за шминкер.

Резултати од програма

По завршувањето на теоретската и практичната обука учесникот стекнува знаења и вештини и се оспособува да: -ги организира и извршува работните  задачи шминкер во козметички салон; -создава хигиено-технички услови за работа; -комуницира со корисниците на услугите и користи соодветни информациско-комуникациски средства; -го подготвува работното  место и клиентот  за шминкање; -го избира приборот  и средствата  за шминкање за целна и специјална шминка; -ја познава анатомијата и физиологијата на кожата, -ја одредува формата на лицето, носот, веѓите и  очите; -шминка тело, лице, нос, веѓи, очи и усни; -дава совети на клиентите за избор на шминката, приборот и препаратите за шминкање, за стиловите на шминкање, во зависност од намената и условите , ги познава класичните и современите трендови; -води сопствен бизнис и, го гарантира квалитетот на работата и работи во согласност со професионалната етика; -ги познава основите на деловната комуникација како и комуникацијата со соработниците и клиентот и принципите на тимска работа; -применува мерки за заштита при работа и заштита на работната средина во согласност со  инструкциите  за безбедност и здравје при работа како и регулативите за заштита на околината;

Критериуми за влез во програмата

[:en]Оваа Програма е наменета за сите лица кои имаат желба да научат да шминкаат професионално, да имаат завршено најмалку основно образование и да не се помлади од 15 години  [:mk]Оваа Програма е наменета за сите лица кои имаат желба да научат да шминкаат професионално, да имаат завршено најмалку основно образование и да не се помлади од 15 години[:al]Оваа Програма е наменета за сите лица кои имаат желба да научат да шминкаат професионално, да имаат завршено најмалку основно образование и да не се помлади од 15 години  [:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 30 14
Пракса 170 77
Оценување 20 9
Вкупен број на часови 220
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support