Опис на програма

Кандидатот се оспособува да разбере и употреби познати секојдневни изрази и едноставни реченици за да ги задоволи потребите од конкретен тип. Може да се претстави себеси и другите и може да постави и одговори на прашања од личниот живот како на пример каде живее, луѓето кои ги познава и предметите коишто ги поседува. Може да комуницира на едноставен начин под услов соговорникот да зборува јасно и полека и да е подготвен да му/u помага.

Резултати од програма

[:mk]Кандидатот е способен да разбира секојдневни зборови и основни фрази кои се однесуваат на себе, на своето семејство и на непосредното опкружување кога луѓето му зборуваат бавно и јасно. Може да разбере познати имиња, зборови и многу едноставни реченици (на пр. натписи, плакати или во каталози). Може да комуницира на едноставен начин доколку соговорникот е подготвен да ги повторува или да ги парафразира речениците со побавно темпо и му помага да го формулира тоа што се обидува да го каже. Може да поставува едноставни прашања и да одговара на нив, ако се однесуваат на непосредни потреби или на познати теми. Може да користи едноотавни фрази и реченици за да ги опише своето место на живеење и луѓето кои ги познава.   Може да напише куса, едноставна картичка, на пр. да пратипоздрави од одмор. Може да пополнува формулари со лични податоци (на пр. да ги внесе своето име, националност и адреса на формулар за пријавување во хотел итн).[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Нема.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 24 48
Пракса 24 48
Оценување 2 4
Вкупен број на часови 50
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support