Опис на програма

Кандидатот се оспособува да разбере реченици и често употребувани изрази кои се однесуваат на области од негова/нејзина непосредна средина (на пример: податоци за себе и семејството, пазарување, блиска околина, работа). Може да се разбере во едноставни и вообичаени ситуации кои подразбираат едноставна и директна размена на информации во врска со познати и вообичаени работи. Може да опише со едноставен јазик делови од своето потекло и образование, непосредна околина и работи од непосредно значење.

Резултати од програма

[:mk]Кандидатот е способен да разбере фрази и најчесто употребувани зборови кои се од непосредно значење за себе лично (на пр. основни лични податоци и податоци за семејството, за пазарување, блиската околина, работното место). Може да ја сфати суштината на кусите, јасни, едноставни пораки и соопштенија. Може да чита многу куси, едноставни текстови. Може да најде конкретни и предвидливи информации во едноставни секојдневни материјали (на пр. огласи, проспекти, листи на јадења и распореди); и може да разбере куси, едноставни лични писма. Може да комуницира во едноставни и секојдневни ситуации што бараат едноставна и директна размена на информации за познати теми и активности. Може да учествува во многу куси секојдневни разговори, иако обично не разбира доволно за да може самостојно да ја продолжи конверзацијата. Може да користи низа фрази и реченици за да ги опише на едноставен начин: своето семејство, другите луѓе, животните уолови, своето образование и својата сегашна или последна работа. Може да пишува куси, едноставни белешки и пораки. Можа да напише многу кусо лично писмо (на пр. да се заблагодари некому за нешто).[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Претходно успешно завршен А1 степен.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 24 48
Пракса 24 48
Оценување 2 4
Вкупен број на часови 50
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support