Опис на програма

Преку програмата за работа за Ѕидарство (градежен работник – sидар)учесникот ќе биде оспособен да ги препознава и користи материјалите за припрема на малтерите, начини на нивното приготвување, алатот кој го користи, ѕидарските керамички производи (тули и камен), начин на изведување на ѕидарските работи, малтерисување и изведување на изолациони ѕидови на разни објекти. Исто така оваа програма ќе овозможи учесникот да се запознае со разните видови на ѕидови во високоградба, нискоградба и хидроградба, ќе се запознае со личните заштитни средства, нивната примена и важност. Учесникот ќе се запознае и со т.н. бројчани вештини – користење на метар за мерење, конец за обележување на ѕидови, размери и проценти за припремање на малтерот, пресметување на површини на малтерисувањето, пресметување волумен на ѕидаријата. Исто така учесникот преку оваа програма ќе научи самостојно да ѕида, бетонира, армира и изведува тесарски работи

Резултати од програма

[:mk]Учесникот е оспособен да:
  • ги препознава и користи материјалите за подготвување малтери за ѕидање,
  • ѕида ѕидови,
  • малтерисува ѕидови и плафони,
  • врши разни ѕидарски работи,
  • соѕида ѕид според проект од материјал според описот или работниот налог,
  • изработува хоризонтална и вертикална изолација,
  • ги познава и користи средствата за лична заштита и
работи согласно прописите за заштита на околината.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Оваа програма е наменета за лица кои имаат завршен најмалку основно образование, да се постари од 18 години, да пројавуваат интерес кон ѕидарскиот занает како би можеле полесно да  научат да ги применуваат основните правила и начела на овој занает.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 50 25
Пракса 140 70
Оценување 10 5
Вкупен број на часови 200
0 STUDENTS ENROLLED

    [:en]Детали за понудувач на услуги[:mk]Instructor Details[:al]Instructor Details[:]

    Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
    top
    © 2018 Developed by Unet
    Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support