Опис на програма

Програмата овозможува работно оспособување за Ѕидар-фасадер и истата е со тримесечно времетраење, односно 380 часа и опфаќа стручно теоретски содржини кои се во функција на практичната обука, која пак се изведува во работилница и на терен во реални услови. По успешното завршување на програмата учесникот ќе се оспособи: да ја планира и организира сопствената работа; рационално да ги користи енергијата, материјалот и времето; да комуницира со претпоставениот и странките; да ги развива и усовршува вештините и знаењата; да го подготвува работното место, материјалот, алатот и машините за изведба на ѕидарските и фасадерските работи; да подготвува малтери и ѕида ѕидови со тула, керамички блокови, бетонски блокови, камен и др. материјали за ѕидање, да ја испитува и да ја подготвува подлогата за нанесување фасада; да изведува класична и староградска фасада, термизолационен систем и фасадно цокле; да подготвува и реализира понуди за ѕидање и изведба на фасада според барањето на техничката документација, клиентот и надзорот; да ги применува стандардите и нормите за материјалите, постапките и да го контролира квалитетот на изведбата на фасадата и цоклето; да ги подготвува, одржува и користи алатите и машините за изведба на ѕидарски и фасадерски работи; да комуницира со соработниците; да се грижи и да го чува здравјето, работната средина и пошироката околина; да комуницира со стручните служби и странките; да ги развива претприемачките особини, вештини и знаењата; да познава права од работен однос, можности за отвoрање и водење на мал бизнис.
По завршувањето на обуката учесникот полага завршен испит и по успешното завршување се стекнува со сертификат за Ѕидар – фасадер за класични и строградски градби.

Резултати од програма

[:mk]Учесникот по успешното завршување на програмата работно ќе се оспособи да: • ја планира и организира работата; • рационално користи енергија, материјал и време; • подготвува работно место, материјал, алат и машини за изведба на ѕидарските и фасадерските работи на класични и староградски фасади; • ѕида ѕидови со различни материјали за ѕидање • испитува и подготвува подлога; • нанесува фасада; • изведува класична и староградска фасада, термоизолационен систем и фасадно цокле; • подготвува и реализира понуди за изведба на класична и строградска фасада според барањето на проектната документација, странката и надзорот; • применува стандарди и норми за квалитетни изведби; • подготвува, одржува и користи алати и машини за изведба на ѕидарски и фасадерски работи; • комуницира со соработниците; • се грижи и го чува здравјето, работната средина и пошироката околина; • комуницира со стручните служби. [:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Завршено основно образование и над 17 годишна возраст. [:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 72 19
Пракса 272 72
Оценување 36 9
Вкупен број на часови 380
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support