Опис на програма

Програмата овозможува стручно оспособување за занимањето Ѕидар-Фасадер за класични и страоградски градби и истата е со тримесечно времетраење, односно 380 часа и опфаќа  стручно теоретски содржини кои се  во функција на практичната обука,  која  пак се изведува на плато и на терен во реални услови. По успешното завршување на програма учесникот ќе  биде оспособен да ја планира и организира сопствената работа, рационално користи енергија, материјал и време, комуницира со претпоставениот  и странките, подготвува работно место, материјал, алат и машини за изведба на ѕидаро – фасадерски работи, изведува хидроизолација,  подготвува подлога за ѕидање и изработка на фасада, изведува, санира  и реконструира  класични и страоградски градби, изведува, санира и реконструира класични и староградска фасада, термизолациони системи и фасадно цокле, подготвува и реализира понуди за изведба на ѕидарски и фасадарски зафати  според барањето на техничката документација, странката и надзорот, применува стандарди и норми за материјали, постапки и го контролира квалитетот на изведбените зафати,  подготвува, одржува и  користи алати и машини за изведба се грижи и го чува здравјето, работната средина и пошироката  околина, развива претприемачките особини, вештини и знаењата, познава права од работен однос, можности за отварање  и водење на мал бизнис, По завршувањето учесникот полага завршен испит. По успешното завршување учесникот се стекнува со Сертификат за стручно оспособување Ѕидар -Фасадер за класични и строградски градби.

Резултати од програма

[:mk]Учесникот  по успешното завршување на програмата работно ќе се оспособи ќе  ја планира и организира работата, рационално користи материјал, алат и машини за изведба на ѕидарско фасадерските работи на класични и страоградски градби, изведба и реконструкција на фасади, испитува и  подготвува подлога, ѕида, малтери внатрешно, надворешно; изведува класична и староградска фасада, термизолационен систем и фасадно цокле,  реконструира фасада, подготвува и реализира изведби на класична и строградска фасада, применува стандарди и нормите за квалитени изведби, одржува алати и машини за изведба на ѕидаро фасадерски работи,  комуницира со соработниците, се грижи и го чува здравјето, работната средина и пошироката  околина, комуницира со стручните служби и постојано се усовршува и надоградува..[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]
Учесникот да има завршено најмалку основно образование
Возраст над 17 години[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 19 19
Пракса 72 72
Оценување 9 9
Вкупен број на часови 380
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support