Опис на програма

Посебната програма за образование на возрасните е наменета за лица постари од 18 години со завршено основно образование. Преку програмата учесниците ќе стекнат знаења, вештини и компетенции неопходни за извршување на занимањето „ѕидар“ од секторот градежништво и геодезија.

Со успешно совладување на програмата учесникот ќе стекне теоретски знаења и практични вештини за да може да користи тули и блокови, структурни плочки, камења за градење патеки, огради, ѕидови, згради и други структури, како и да поправа постари градби,  да ги следи и работи според прописите за здравје и безбедност при работа и да комуницира со соработниците и претпоставените.

Програмата се состои од 200 часови од кои 50 за стекнување на теоретски знаења и 150 за стекнување на практични вештини. Од вкупниот број начасови 10 часови ќе бидат наменети за оценување на учесниците кои ќе се реализираат во текот на програмата.

Теоретската настава ќе се реализира во училница опремена со соодветен наставен инвентар. Практичната настава ќе се реализира во кабинет или на терен при тоа ќе се врши демонстрирање на процесот на ѕидање и практична работа од страна научесниците.

Оценувањето на добиените знаења и вештини ќе се врши преку испит, кој ќе се спроведе по завршување на програмата а ќе се состои од теоретски и практичен дел. Теоретскиот дел од испитот се состои од тест. Практичниот дел подразбира практична проверка на стекнатите знаења.

Програмата ја реализира тим од искусни инженери од областа на градежништвото и квалификувани ѕидари со најмалку 5 годишно работно искуство.

По успешно завршување на програмата, на учесниците ќе им се додели сертификат за Ѕидар.

Телефонски број: 02 3 163 413
Е-маил: ruracin1@t.mk

Резултати од програма

[:en] [:al] [:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Учесниците во програмата треба да имаат: Завршено основно образование и Полни 18 години.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 50
No instructions found !
Пракса 150
No instructions found !
Оценување
No instructions found !
No instructions found !
Вкупен број на часови 200
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support