Опис на програма

Главна цел на програмата е учесникот  да стекне знаења, вештини и компетенции за примена на основните техники при  ѕидањето како и правилно користење на опремата и инвентарот на работното место.

Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификат „Ѕидар“.

Времетраењето на програмата е 220 часа од кои 60 часа теоретска обука, 150 часа се практична обука во реални работни услови и 10 часа се наменети за оценувањето. Теоретскиот и практичниот дел од програмата ќе се изведува неколку пати неделно, однапред  договорено со учесниците  во програмата. Теоретската обука ќе се одвива во специјализирани простории во компанијата под менторство на овластен инженер, а практичната обука ќе се изведува во рамките на компанија. За време на практичната обука на учесниците ќе им биде доделен ментор, вработен во компанијата.

Вреднувањето на постигањата на учесниците се спроведува по завршувањето на теоретскиот дел преку проверка на знаење со цел споредба на знаењето пред и после теоретската обука, а по завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се проверат стекнатите вештини и компетенции. По успешно положен завршен испит учесниците се стекнуваат со сертификат за работна оспособеност „Ѕидар“.

Резултати од програма

[:mk]По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да:
  • ја организира својата работа;
  • ги почитува мерките за изведбата на ѕидањето;
  • применува прописи за добро и квалитетно ѕидање;
  • применува прописи за заштита при работа;
  • применува прописи за квалитет на материјалите и на нивното користење;
  • монтира и демонтира скеле следејки ги прописите за безбедност;
  • ги вади и евидентира количините на употребените материјали при ѕидањето;
применува прописи за квалитет на материјалите  и нивното користење.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Минимум основно образование и наполнети 18 години.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 60 27
Пракса 150 68
Оценување 10 5
Вкупен број на часови 220
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support