Опис на програма

English File pre-intermediate (units 7-12)
Во четвртиот степен на возрасните им се дава материјал што ќе го одржи нивниот ентузијазам и ќе ја надогради нивната самодоверба за да можат течно и со леснотија да комуницираат. За да го зборуваат англискиот јазик со доверба на слушателите им се потребни: граматика, вокабулар и изговор. На овие три елементи им се дава подеднакво значење во горенаведената книга. Темите и вокабуларот се прилагодени на оваа возрасна група слушатели. Целите на курсот се остваруваат преку застапеност на сите јазични вештини.
1. Зборување – застапаени се теми што поттикнуваат интерес и задачи што ги тераат слушателите да ги употребуваат новостекнатите јазични содржини. Секоја лекција има активности за зборување што ги активираат граматиката, вокабуларот и изговорот. Задачите им даваат на слушателите чувство на напредок и покажуваат пораст на бројот на ситуации во кои тие можат ефективно да комуницираат. Има активности со информациски празнини за да се поттикне комуникација. Активностите се за работа во парови, групи, а има и игри каде се користи стекнатиот вокабулар.
2. Слушање – застапени се задачи за слушање кои напредно гледано се поголем предизвик во смисла на брзина, должина и тежина на јазикот, но се на ниво што може да се совлада. Има задачи за слушање каде се вежба слушање за главна идеја и за детали. Опфатени се и песни што за слушателите е уживање и мотивација.
3.Читање – слушателите се поттикнуваат да ја развијат вештината читање со тоа што се обработуваат интересни теми и текстовите поттикнуваат активност. Текстовите за читање во горенаведената книга се адаптирани од различни вистински извори (британскиот печат, списанија, нови веб страници). Со читањето како јазична вештина слушателите го збогатуваат вокабуларот и го зацврстуваат стекнатото знаење од граматиката.
4. Пишување – зголемената примена на интернет и постоењето на Е-mail комуникацијата значи дека луѓето ширум светот пишуваат на англиски јазик повеќе од кога и да е и за деловна и за лична комуникација. Во секој дел од книгата има лекција за пишување со даден пример според кој потоа слушателите треба да напишат нешто.
5. Граматика – во четвртиот степен се обезбедува стимулативно повторување на јазичните содржини што слушателите треба веќе да ги знаат и интересни ситуации за новите јазични содржини.
Во четвртиот степен (7-12 лекција) се учи за употребата на инфинитивот (co to), за глагол + ing, have to/don’t have to/ must/mustn’t, првиот и вториот вид условни реченици, may/might/should/shouldn’t се споредува Present Perfect со Past Simple Tense, се усвојува пасивот, формата used to, something, anything, nothing, се учи Past Perfect Tense (предминато време) и индиректен говор.
Вокабулар – во четвртиот степен слушателите се фокусираат на зборови што често се употребуваат и на чести лексички области во реални рамки. Во четвртиот степен (7-12 лекција) се учи за глаголи што се употребуваат со инфинитив и со -ing, предлози за движење, зборови за спорт, за животни, прилози на начин, формирање именки, глаголот get, зборови за страв, биографии, школски предмети, фразални глаголи и сличности.

Резултати од програма

[:mk]На крајот од наставата се очекува слушателите да имаат стекнато основни познавања од англискиот јазик соодветни на нивото што се изучува, да ги имаат усвоено јазичните вештини и да можат практично да го користат стекнатото знаење.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Средношколци или возрасни/ со тестирање за предзнаење.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 29 83
Пракса 1 3
Оценување 5 14
Вкупен број на часови 35
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support