Опис на програма

Цел на програмата предвидена за Специјализирана Програма – Граматика и Вокабулар А1 – Б2 е наменета за оние слушатели кои имаат некое познавање на целниот јазик, одамна го изучувале или недоволно го научиле.

Програмата е Интерна курикулум обука на ЕЈ-БИ-Си и главната намера е преку изучувањето/освежувањето на граматичкиот фонд, се изучува/освежува/збогатува зборовниот фонд (вокабуларот).

Граматика: Од аспект на глаголските форми, слушателите ги изучуваат глаголот TO BE (Present), HAVE/HAS GOT, Imperatives, Questions, Present Simple, Present Continuous, Past Simple (TO BE), Past Simple, Going to + V, Verb+ing, Modals (can, could – ability and functional), Nouns, Pronouns, Possessives, Prepositions and Prepositional phrases, Articles, Determines, Adjectives (Comparative/Superlative Forms), Adverbs, Imperatives, WH-Questions, Questions in different tenses, Revision of Present Simple, Present Continuous, Past Simple а слушателите имаат можност за комбинирање и споредување на истите. Вовед во нов граматички дел: Past Continuous, used to + V., Future Tense (revision of Going to) Present Continuous for the future, Will/Shall, Will and Going to, Present Perfect, Gerund and Infinitive, Conditionals, (Zero and First Conditional), Phrasal Verbs, Modals (can, could, might, may, must, mustn’t, have/has to + V., Should), articles, determines, prepositional phrases, adjectives and adverbs (comparative/superlative), intensifiers, пасивните конструкции, одредени модални глаголи, директен/индиректен говор, како и Present Simple наспроти Present Continuous, Past Tenses, Future forms, Perfects – Present, Past, Continuous, Comparatives/Superlatives, Obligation Modal Verbs (must, have/has to, should), Deduction (must, may, might, can’t), Ability & Possibility (can, could, be able to), First Conditional and Future Time Clauses, Second Conditional, usually and used to, quantifiers, articles, gerund and infinitives, Reported Speech: statements, questions and commands, Passive: be + past participle, Relative Clauses: Defining and Non-defining, Third Conditional, Question Tags, Indirect Questions, Question Formation, Auxiliary Verbs, the…the…+ comparatives, Perfect (Present/Continuous), using adjectives as nouns, Adjective order, Narrative tenses, Adverbs and adverbial phrases, passive (all forms), It is said that…, He is thought to…, Future Perfect, Future Continuous, Unreal Conditionals, Past Modals, Would rather, Had better, Verbs of senses, gerunds, and infinitives, Used to, Be used to, Get used to, Reporting verbs, Articles, Uncountable and plural nouns, Have something done, Structures after wish, Clauses of Contract and Purpose, Relative Clauses.

 

Вокабулар: : Вокабуларот е во домен на основни теми и функции и е во согласност со можностите на слушателите. Истиот се проширува и изучува според темите кои опфаќаат Националности и земји, Лични информации и податоци, Храна/Пијалок, работи и предмети во блиското и пошироко опкружување, патување, услуги, основни глаголи, бои, облека, опишување, семејство и семеен живот, хоби и занимливости, работа, професии, одмори/летувања/зимувања, пазарење, слободни активности.

Вокабуларот е организиран како продолжение и надградба на веќе постоечкиот зборовен фонд на слушателот во однос на темите кои опфаќаат Националности и земји, Лични информации и податоци, Храна/Пијалок, работи и предмети во блиското и пошироко опкружување, патување, услуги, основни глаголи, бои, облека, опишување, семејство и семеен живот, хоби и занимливости, работа, професии, одмори/летувања/зимувања, пазарење, слободни активности, чувства.

Вокабуларот е според теми, се изучуваат фразални глаголи и се правата разлики меѓу идиоматски и буквални фразални глаголи. Посебно се изучуваат идиоми, а се започнува и со изучување сложенки и колокации. Во оваа фаза/ниво, вокабуларот ги опфаќа сите теми од интерес на слушателите.

Се изучува градење на зборови преку претставки и наставки, сложенки и сложени придавки. Се проширува вокабуларот со идиоми и фразални глаголи, ја увидуваат разликата помеѓу таканаречените збунувачки прилози и фрази, за прв пат се среќаваат со зборови како кривични дела и казни, надополнуваат знаења за време и изрази со глаголот take, чувства, зборови поврзани со човековото тело, музика, сон, медиуми, наука, градови, бизнис, рекламирање и сл.

Јазични вештини/Говорен јазик: Со оваа Специјализирана Програма – Граматика и Вокабулар А1 – Б2 англиски за возрасни, слушателите се стекнуваат со практична примена на поминатиот материјал веднаш по самото предавање. Во овој дел слушателите вежбаат и изучуваат фрази на теми поврзани со амбиции, големи ризици, сцена и екран, музички фестивали. Акцентот е на ефективната аргументација – може да ги образложи и да ги брани своите ставови нудејќи релевантни објаснувања, аргументи, коментари, факти, може да го објасни своето мислење за актуелно прашање наведувајќи ги предностите и недостатоците, може да поврзе неколку аргументи во логична низа, може да развие дискусија, да објани проблем, да изнесе претпоставки, да наведе причини и последици, хипотетички ситуации, алтернативни решенија и сл.

Читање: Текстовите кои се користат најчесто се оригинални извадоци од енциклопедии, весници, списанија со цел да се прошири вокабуларот и да се подобрат вештините на читање. Може да се извлечат информации, идеи, мислења од високо специјализирани извори, да се разберат специјалистички статии, може брзо да прелета преку подолг текст и да ги одбере информациите кои му се потребни од истиот, брза идентификација на содржината и важноста на новите информации, статии и извештаи за голем опсег на стручни теми, самостојно читање и селективно користење на прирачници и помошна литература. Се широк активен читачки вокабулар, но ретки потешкотии со идиоми.

Пишување: Слушателот на ова ниво пишува есеј или извештај во кој развива некоја тема, наведувајќи ги причините за или против некој став, ги објаснува предностите и недостатоците на различни решенија или предлози, сумира информации и аргументи од разни извори. Активностите на пишаната продукција вклучуваат пишување на писма – официјални/неофицијални, електронска пошта – поплаки, барање, понуди, кратки приказни – вистински настани или измислени ситуации.

Слушање: Слушната рецепција на ова ниво е насочена кон целосно разбирање на различни текстови, теми и/или разговори, познати и/или непознати директно или преку медиуми. Потешкотии се јавуваат доколку целниот јазик не е прилагоден, користењето на идиоматски изрази, како и бучава во фонот.

Зборување: Во говорната продукција слушателот/корисникот на целниот јазик произведува говорен текст со примена на целото знаење од граматика, вокабулар и други вештини преку дискусии на одредени теми, спонтано зборување, модел на улоги, визуелни помагала за поттикнување на зборувањето. Се обработуваат теми од животен, општествен, глобален циклус.

Резултати од програма

[:mk]Слушателот/Корисникот се чувствува сигурен и самоуверен во користењето на целниот јазик, може да комуницира доволно течно и спонтано, нормална интеракција со родени соговорници од целниот јазик, може да оформи јасен, детален текст од широк опсег на теми и да објасни мислење за некое тематско прашање со изложување на предности и недостатоци за различни опции. Слушателот/Корисникот може да одржи јасна, подготвена презентација, може течно и прецизно да одговара на прашања за темата на презентацијата, може да изнесува јасни аргументи, образложува ставови, елементи и соодветни примери.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Тестирање за утврдување на степенот на познавање на целниот јазик.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 48 43
Пракса 48 43
Оценување 16 14
Вкупен број на часови 112
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support