Опис на програма

Главна цел на програмата:

Главната цел на програмата за JavaScript девелопер на веб апликации е учесникот да стекне знаење, вештини и компетенции за развивање на веб апликации користејќи Open Source технологии и алатки (Linux, HTML & CSS, JavaScript, React.js, Node.js and MongoDB, third party API), а сето тоа во функција на понатамошно образование и вклучување на пазарот на труд. Стекнатите вештини ќе им помогнат на учесниците полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот, како и нивно осамостојување при извршување на секојдневните задачи на работа.

Начин на реализација:

Програмата се реализира преку практична и теоретска настава и води до стекнување на сертификат за JavaScript девелопер на веб апликации.

Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни методи, кои ќе му овозможат на учесникот континуирана активност за целокупното траење на обуката. Секоја наставна единица е поткрепена со специјално изработени вежби согласно интерни наставни програми со примена на Open Source технологии и алатки.

Модули на програмата:

  1. Основи на веб програмирање
  2. Front-End развој на веб апликација со JavaScript технологија
  3. Back-End развој на веб апликација со JavaScript технологија
  4. Практична изработка – „Развој на веб апликација“
  5. Кариера

Времетраење:

Времетраењето на програмата е 225 наставни часа, од кои 132 часа се теоретска обука, 93 часа практична обука. Теоретскиот и практичниот дел од програмата ќе се изведува неколку пати неделно по утврден распоред.

 

Вреднување на постигнувањата

Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и постигнувањата во текот на целата обука (теоретска и практична).

На крај се изработува и презентира завршен проект во кој се применуваат технологии и алатки за развој на клиентски и серверски дел од веб апликација, преку што се дефинираат стекнатите вештини и компетенции.

По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да:

  • Користи Linux оперативен систем за развој на веб апликации
  • Користи git алатка за верзионирање на код и тимска изработка на проект
  • Користи HTML и CSS за креирање на веб документи
  • Пишува JavaScript код при што користи програмска логика и податочни структури
  • Извршува операции врз објектниот модел на документ DOM
  • Работи со код кој се извршува асинхроно
  • Креира и користи Javascript класи и објекти
  • Користи вградени, локални и надворешни модули во Node.js
  • Работи со датотечен систем преку Node.js
  • Применува синхрони и асинхрони оперции
  • Креира http мрежен опслужувач со помош на вграден http модул
  • Користи Express.js рамка за изработка на веб апликации
  • Креира и користи MongoDB бази на податоци со Node.js
  • Користи REST протокол за изработка на веб сервиси
  • Користи микросервис софтверска архитектура
  • Пишува код кој овозможува комуникација помеѓу два различни сервиси
  • Користи безбедносни мерки и правила при развој на мрежни апликации
  • Врши интеграција со надворешни сервиси (third party API)
  • Користи Javascript библиотека React.js за front-end програмирање
  • Поврзува js апликација со веб сервиси
  • Врши пипрема на околина на опслужувач за Javascript веб апликација
  • Поставува Javascript веб апликација на оддалечен опслужувач
  • Комуницира со соработници и деловни партнери;
  • Подготвува патека за кариерен развој;
  • Изработува документи за себе промоција.

Сертификат

Кандидатот кој успешно ќе ја заврши обуката, ги положи интерните испити и изработи завршен проект, ќе се стекне со сертификат за успешно завршена посебна програма „JavaScript девелопер на веб апликации“.

 

Просторни услови

Наставата се одвива во специјализирана компјутерска предавална со потребна опрема, а секој посетител работи самостојно на компјутер со инсталирани Linux оперативен систем и соодветните софтвери за реализирање на целосната програма.

 

Напредување од програмата

Програмата нуди можност за напредување во кариера на повисоки нивоа во програмирањето, како и препознатливост на професијата со вклучување на пазарот на труд преку вработување во фирма или самостојна работа (Eng. Freelancer).

Телефонски број: 023130900, 070357591
Е-маил: kursevi@semos.com.mk, aneta@semos.com.mk

Резултати од програма

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Завршено средно образование. Кандидатите треба да имаат познавање од Windows и MS Office[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 132
No instructions found !
Пракса 93
No instructions found !
Оценување
No instructions found !
No instructions found !
Вкупен број на часови 225
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support