Опис на програма

Програмата за Маникир,педикир – основен курс се темели на стандард на занимање кое се стекнува преку стручно-теоретска настава и практична обука. Стручно-теоретската настава се реализира во училница-кабинет ( опремен според правилникот за стандардите за просторот и опрема.) , а практичната обука во козметички салон. Стручно-теоретските содржини ги реализира лекар со завршени медицински студии, а практичниот дел козметичар со завршен мајсторски испит.

При реализација на обуката се користат современи форми и методи, преку презентација, дискусии, и практични изведби со што кандидатите со успех ќе можат ефикасно да се оспособат за занимањето.

Основната цел на програмата е учесникот во програмата самостојно да подготвува , извршува и организира работи и работни задачи во козметички салон, рационално да употребува материјали и опрема, да комуницира со корисниците на услугите и со соработниците, да го подготвува клиентот, самостојно да изведува третмани на раце и стопала.

Да ги советува клиентите, да гарантира за квалитетот на извршените работи и услуги, да ги применува мерките за заштита на здравјето на клиентите.

По завршувањето на програмата се полага завршен испит со што учесникот се здобива со сертификат Маникир,педикир – основен курс.

Оценувањето се врши преку усна и писмена проверка и проверка на практична изведба.

Програмата е со времетраење од 170 часови или двомесечно времетраење.

Резултати од програма

[:mk]По завршувањето на обуката учесникот ќе се стекне со следните стручни компетенции:
  • Подготвува, организира и изведува работни задачи во работната средина.
  • Спроведува дезинфекција и стерилизација во работната средина.
  • Подготвува и идентификува соодветен алат, прибор и материјал за работа.
  • Рационално ги употербува материјалите, опремата и времето.
  • Прима и подготовува клиенти.
  • Применува професионален однос и комуникација со клиенти, претпоставени и со соработници.
  • Изведува класичен маникир, педикир, надградба на нокти, декорација на нокти.
-    Изведува нега на раце и парафински третмани на раце и нозе. -    Употребува професионални козметички препарати и апарати .
  • Гарантира за квалитетот на извршените работи и услуги и одговара за нив.
  • Користи соодветни информациско-комуникациски средства.
Применува мерки за заштита на здравјето на клиентите и околината во согласност со хигиенско-техничките, противпожарните и другите заштитни мерки.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Критериум за влез во програмата е учесниците да имаат завршено основно образование и да се над 15 годишна возраст. Пожелно е да имаат завршено било кое средно образование.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 34 20
Пракса 119 70
Оценување 17 10
Вкупен број на часови 170
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support