Опис на програма

Друштво за техничко испитување, контрола

Главната цел на програмата е организирано образование, усовршување и оспособување на учесниците во програмата за самостојно и квалитетно изведување на работните задачи во занимањето Козметичар за нега на лице и тело.

Програмата се состои од 195 часови, се реализира преку теоретски дел од 60 часови, практичен дел 120 часови и 15 часови за оценување.

Теоретската настава се реализира во училница со современи наставни помагала преку предавања, дискусии, решавање на проблеми,  со кој учесниците во програмата се здобиваат со потребните знаења предвидени во содржината на тематските целини кои се составен дел од програмата.

Практичната настава се спроведува преку демонстрирање на употребата, како и практична примена на опремата, апаратите и козметичките препаратите на работа на случај, применувајќи ги третманите кои се опфатени во оваа програма.

Проверката на знаењата (оценувањето) се одвива континуирано во текот на реализација на обуката и на крајот од обуката со завршен испит.

Програмата за Козметичар за нега на лице и тело е во времетрање од 3 месеци.

Програма ја спроведуваат: доктор на медицина, дипломиран економист и козметичар со минимум три години работно искуство во дејноста.

Теоретската настава ќе се спроведува во училница, а практичната настава ќе се спроведува во козметичко студио.

Теоретскиот дел од испитот се состои од проверка на знаењето од тематските целини кои се составен дел на програмата за обука. Практичниот дел од испитот подразбира демонстрирање на работа на случај самостојно.

Кога ќе го положат завршниот испит, лицата ќе се здобијат со сите потребни компетенции, вештини и знаења за извршување на занимањето Козметичар за нега на лице и тело ќе им се издаде сертификат за „Козметичар за нега на лице и тело“.

Резултати од програма

[:mk]По завршувањето на програмата учесникот стекнува знаења, вештини и компетенции и ќе биде способен да:   - ја планира, подготвува и организира работата самостојно; - ги користи рационално материјалите, опремата и времето; - го подготвува работното место и клиентот за третман; - определува состојба на кожата на лицето; - разликува здрава кожа и кожа со промени предизвикани од различни фактори; - идентификува промени кои се индикација, односно контраиндикација за третман; - избира козметички третман според утврдена состојба; - избира препарати, апарати и постапки за подготовка и третирање на клиент за третман; - изведува комбинирани третмани на различни типови на кожа со примена на препарати; - применува препаративна и апаратурна козметика во третманите; - изведува депилација со ладен и топол восок; - применува релакс масажа, акупресура, лимфна дренажа, аромамасажа; - применува ароматерапија во третманите; - советува за избор и примена на козметички препарати и за секојдневна нега; - подготвува и издава потребна документација за извршените услуги на клиентот; - се грижи за постигнување на стандардите и квалитетот на работите; - применува мерки за заштита на здравјето на клиентите и околината, во согласност со хигиенско-технички, противпожарни и други заштитни мерки и средства, како и во согласност со законските прописи;[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Учесници во програмата може да бидат лица кои имаат завршено основно образование[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 60 31
Пракса 120 61
Оценување 15 8
Вкупен број на часови 195
0 STUDENTS ENROLLED
    Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
    top
    © 2018 Developed by Unet
    Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support