Опис на програма

Програмата овозможува работно оспособување за извршување на занимањето козметичар за нега на лице и тело во алон за козметика. Програмата се темели на стандарди за занимањето кои се постигнуваат преку стручно теоретски содржини кои се реализираат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука која пак, се изведуваат во салони за козметика. Програмата е со времетраење од 200 часа.

По успешното завршување на програма учесникот ќе  се оспособи да изведува  разни видови третмани на лице и тело во зависност од видот на кожата на лицето, депилација, шминка, нега на  стапалата, педикир и нега на рацете, маникир, да  применува професионални препарати, да применува хигиенотехнички мерки за  лична и работна хигиена, асепси, антисепси и стерилизации на апарати, опрема, инструментите и приборот за работа козметичар.

По завршувањето на програмата се полага завршен испит, со што учесникот кој со успех ќе го положи испитот се стекнува со сертификат за работна оспособеноста  за козматичар за нега на лице и тело по верификувана програма.Програмата дава можност за вертикална проодност  за повисоко  ниво

Резултати од програма

[:mk]По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да: -Познава организација на простор и работа во салонот -Подготвува алат, прибор за работа -Избира професионални козметички препарати, - Применува хигиено техничките мерки за лична и работна  хигиена, - Прима и подготвува клиент за третман - Препознава типови и состојби на кожа на лицето - Применува разни техники за нега на лице и тело - Депилира - Прави нега на стапала и дланки, педикир и маникир, - Познава права од работен однос и предностите на тимската работа[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Завршено основно образование и над 15 годишна возраст.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 40 20
Пракса 140 70
Оценување 20 10
Вкупен број на часови 240
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support