Опис на програма

Програмата е наменета за оспособување на лица, не помлади од 18 години да ракуваат и управуваат со работна машина за подигање на товар-виљушкар.

Теоретскиот дел од програмата ќе се реализира во просториите на Отворениот граѓански универзитет „Неготино“- Неготино, а практичната обука ќе се реализира во реална компанија, со која ОГУД „Неготино“ претходно склучил договор за соработка каде кандидатите практично ќе се обучат за ракување  со виљушкар.

Програмата содржи вкупно 180 часови од кои 20 теоретска настава, 150 практична настава и 10 часа проверка на компетенциите. Програмата е наменета за работоспособни лица со завршено минимум основно образование, не помлади од 18 години, кои сакаат да се појават или веќе се на пазарот на труд, со положен возачки испит од најмалку „Б“ категорија. Бројот на една група кандидати, зависи од просторните можности, но се препорачува да не изнесува повеќе од 12 учесници, односно кандидатите можат да бидат поделени во групи. Можни се повеќе групи, имајќи предвид дека е можна реализација на програмата во повеќе работни смени во текот на денот.

Наставната програма ќе биде организирана во 6 наставни целини, од кои 4 се во делот на теоретската настава и 2 наставни целини како практичен дел. По завршувањето  на теоретскиот дел ќе се врши проверка на стекнатите знаења и вештини преку писмени тестови и усмена проверка, додека по завршувањето на практичниот дел ќе се спроведе практична демонстрација од страна на учесниците. По завршувањето на програмата ќе биде спроведен завршен испит пред тричлена комисија, по чие успешно полагање се издава сертификат за работно оспособување за Ракувач на виљушкар.

Во наставата ќе бидат применети следните методи: предавања, видео презентации, дискусии во групи, познавање на вилушкарот, практична обука.

Програмата ќе биде реализирана од Дипл. сообраќаен инженер со најмалку 5 годишно работно искуство и ракувач на виљушкар-практичар со најмалку 3 годишно работно искуство.

Програмата ќе биде подложна на внатрешна евалуација. Ќе бидат спроведени две анкети: една на почетокот и една на крајот од програмата. Анкетите ќе бидат спроведени во форма на писмени прашалници, а на крајот ќе биде изготвен финален извештај од резултатите на анкетите.

Резултати од програма

[:mk]Учесникот ќе биде способен да:
  • Ја планира и ја подготвува манипулацијата на стоката со виљушкарот;
  • Врши контрола на исправноста на виљушкарот;
  • Управува со гасните, моторните и со електричните виљушкари;
  • Ја преместува стоката од едно до друго место;
  • Ги одржува во исправна состојба виљушкарите;
  • Ги познава својствата на материјалите што ги транспортира;
  • Ги познава ознаките на амбалажата на стоката;
  • Ги почитува правилата за заштита при работа;
  • Ги почитува правилата и прописите во внатрешниот транспорт;
  • Комуницира со соработниците и претпоставените;
  • Ги користи компјутерската опрема и програмските алатки;
• Ги заштитува работната и животната средина.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Учесниците треба:
  • да имаат положено минимум возачки испит за Б категорија
  • да имаат завршено основно образование
  • да бидат државјани на Р. Македонија
  • да не бидат помлади од 18 години
[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 20 11
Пракса 150 83
Оценување 10 5
Вкупен број на часови 180
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support