Опис на програма

Програмата дава можност учесниците да се стекне со знаења, вештини и компетенции за примена на информатичко компјутерска опрема и нејзино креативно користење во работата. Програмата е со времетраење од 200 часа, и се состои од стручно теоретски содржини и практична примена на стекнатите знаења во современо опремен кабинет – училница, така што овозможува Учесниците во програмата да развијат способности за успешно ракување со компјутерско информатичката технологија и опрема и користење на готови компјутерски програми и интегрирани околини за програмирање. Со стекнување на овие вештини во иднина на Учесниците ќе им овозможи успешен професионален развој во информатиката и програмирањето. Оспособеноста на учесниците за користење на компјутерите и компјутерските програми ќе им овозможи и олеснување во процесот на работа и учење низ работата, како и нивно вклучување во процесот на новите предизвици на животот. Изборот на програмските подрачја и содржини кај учесниците ќе развие продлабочено логично расудување и ќе ги оспособи творечки да пристапуваат кон решавање на различни проблеми во реалноста.
По завршувањето на Програмата се полага завршен испит пред комисија со цел да се проверат стекнатите вештини и компетенции. По успешно завршената проверка учесниците се стекнуваат со “сертификат” за работна оспособеност Оператор со информатичко компјутерска технологија и опрема

Резултати од програма

[:mk]По завршување на програмата учесникот ќе биде оспособен да: • ја планира, организира, изведува и контролира зададената работа; • познава компјутерската архитектура и логичките модели на персоналниот компјутер; • ги осознае хардверските компоненти на компјутерот и нивно поврзување; • користи оперативен систем и систем на датотеки; • ги користи концептите и начините на архивирање и компресија на податоците; • ги разликува типовите на злонамерни софтвери и заштита од нив; • користи напредни техники за работа со текст, постоечки стилови, да менува и да креира сопствени стилови; • креира и користи шаблони и формулари во текстуален документ; • решава проблеми со пишување на програми во Ц++ • врши табеларни пресметувања со примена на програма • применува компјутерски мрежи, интернет и е-пошта при работа и комуникација • комуницира со колегите, претпоставените, потрошувачите и институциите; • води грижа за заштита на здравјето на луѓето и околината; • познава важност на претприемништвото и отворање и водење на сопствен мал бизнис.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]• Завршено средно образование.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 60 30
Пракса 120 60
Оценување 20 10
Вкупен број на часови 200
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support