Опис на програма

Основната цел на програмата Тапетар на мебел е стекнување на знаења, развивање на вештини  и оспособување за кроење, шиење на материјали за пресвлекување и декорација на намештај, монтажа на нов мебел како и репарација на тапациран намештај. Начинот на реализација на програмата е преку практична настава и теоретска обука и   води до стекнување на сертификат „Тапетар на мебел “.

Времетраењето на програмата е 250 часа од кои 46 часа стручно- теоретски содржини и  187 часа практична обука со формативно и сумативно овценување од 17 часа.

Практичната обука се спроведува во столарска работилница е времетраење од 3 (три ) месеци. Обуката  се организира пет дена седмично по 4 часа дневно. Практичната обуката   е индивидуална, додека теоретската настава повремено може да е фронтална, индивидуална, или групна во зависност од поставените цели на тематските целини. Вреднување на резултатите на постигањата на учесниците е перманентно и тоа усно, писмено, и преку постигањето на целите од практичната обука.За секој учесник се води портфолио. По завршување на обуката се спроведува завршен испит преку практична работа и усна проверка. Заклучната оценка на учесниците се изведува  врз основа на портфолиото по секоја тематска целина како и резултатите од завршниот испит.

 

     Програмата ќе се реализира во 5 тематски целини и тоа:

 

  1. Познавање на материјалите за тапацирање на мебел- 20 часа
  2. Алати, машини и уреди за тапацирање на мебел-20 часа
  3. Практична настава -200 часа
  4. Административно технички работи-10 часа

 

По  успешно положен завршен испит учесниците се стекнуваат со сертификат..Тапетар на мебел

Резултати од програма

[:mk]По завршувањето на програмата учесникот ќе биде способен да:
  • чита и изработува работната документација;
  • Чита каталози
  •  избира материјали и нуди решенија на клиентите во зависнот од нивните барања и желби и специфичноста на мебелот
  • мери и означува  материјали за кроење
  •  Kрои, шие  и пресвлекува различни материјали за тапацирање
  • применува потребни основни и помошни материјали;
  • прима, класифицира и складира материјал;
  • ракува со машини, уреди и алати за тапацирање на  мебел;
  • применува прописи и заштитни мерки за лична и колективна заштита
  • го контролира квалитетот на тапацираниот мебел,
  • подготвува лепила, бои, лакови,
  • врши поправки и реновирање на куќен мебел
[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Завршено најмалку основно образование, полнолетен. Психофизички здрав[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 46 18
Пракса 187 75
Оценување 17 7
Вкупен број на часови 250
1 STUDENTS ENROLLED
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support