Jавен оглас за избор на Преведувач за превод на материјали од англиски на македонски јазик

Врз основа на член 41 од Законот за образование на возрасните („Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/08, 17/11, 51/11, 74/12, 41/14, 144/14, 146/15, 30/16 и 64/18) ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје распишува

ЈАВЕН ОГЛАС

За избор на Преведувач за превод на материјали од англиски на македонски јазик

ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје распишува јавен оглас за избор на Преведувач за превод на материјали од англиски на македонски јазик за потребите на проектот Пазарно ориентирани вештини за одржливо ефикасно енергетско градење, TRAINEE (TowaRd market-based skills for sustAINable Energy Efficient construction“ Grant Agreement No: 785005 — TRAINEE — H2020-EE- 2016-2017/H2020-EE-2017-CSA-PPI ).

За интересираниот кандидат треба да ги исполнува следниве услови:

  • Да има завршено високо образование – Филолошки факултет ( Англиски јазик ) или,
  • Да поседува Решение за постојан судски преведувач од македонски на англиски јазик
  • Да има најмалку 10 години работно искуство во преведување на материјали

За интересираниот кандидат треба да достави:

  1. Пријава која треба да содржи:
    • име и презиме,
    • адресанаживеење,
    • телефонскиброј и електронскапоштазаконтакт,
    • степен и виднастекнатотообразование,
    • годининаработноискуство
    • листанапроекти (каконосител и какопартнер),
  2. Кратка биографија.

Потребната документација кандидатот да ја достави на е-пошта до: irena.filipovska@klinika.unet.mk

Со назнака: Преведувач за превод на материјали од англиски на македонски јазик за проект Пазарно ориентирани вештини за одтржливо ефикасно енергетско градење, TRAINEE во рок од 5 дена од денот на објавување на огласот.

Некомплетирани и ненавремени доставени документи нема да бидат земени во постапна за одлучување.

Публикуван на: 24.01.2020 година

Прием на апликациидо:28.01.2020 година

петок јануари 24th, 2020
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support